Улична продавачка нокаутира комунална полицајка во Белград (ФОТО)

by Тони Зографски

На еден од белградските пазарi денеска се случил инцидент во кој учествувале улична продавачка која буквално нокаутирала улична полиција, објавија српските медиуми.

Имено, продавачката се обидела да ги спакува работите што ги продавала во еден кофер, викајќи дека си оди дома бидејќи има мали деца. Но, наеднаш работите и испаѓаат од куферот и се валкаат на влажната улица. Изнервирана жената се стрчува накај полицајката и ја удира толку силно, речиси ја нокаутира. Потоа се врти и бега, оставајќи го куферот.

Полицајката во прв момент се задржува на нозе, но потоа почнува да се ниша и да паѓа со лицето свртено кон бетонот. Една од жените што гледале “сеир“ викнала некој да тргне по жената, па еден човек истрчал по продавачката.

останати вести