Украдени милион евра од блиндирано возило (ФОТО)

by Тони Зографски

Од блинирано возило на една словенечка агенција за обезбедување вод Цеље украдени се милион евра во “кеш“, пишува мариборскиот весник “Вечер“.

Двајца припадници на обезбедувањето го оставиле возилото без пари и хартии од вредност, не чекајќи да дојде смената и да ја превземе пратката.

Се претпоставува дека двајцата крадливци имале “инсајдерски“ информации кои им помогнале да ограбат толку голема сума на пари, а постои можост дека го имале клучот од сефот во возилото.

Полицијата сеуште ги нема фатено ограбувачите.

останати вести