493
Најмалку 58 лица загинаа во пожар што зафати катна зграда во Јоханесбург, најголемиот град во Јужна Африка, пишува Гардијан.
Службите за итни случаи соопштија дека уште 43 лица се повредени во пожарот што избувна утрово.
Портпаролот на итната помош Роберт Мулауџи изјави дека потрагата по лицата кои се наоѓале во зградата е во тек и додаде дека најверојатно бројот на загинати ќе се зголеми.
Властите соопштија дека пожарот „во голема мера е изгаснат“, но од зградата сè уште излегува чад.
