Некогашниот одбојкар на Џио Струмица и на македонската репрезентација во помлади категории, Дени Стојчев денеска почина.

Стојчев играше на позиција либеро во кадетскиот и во јуниорскиот национален состав, а во матичниот клуб настапуваше до 2009-тата.

Стојчев имаше само 32.години, а прераната смрт  предизвика неверување кај сите во неговиот град и кај пошироката одбојкарска јавност кај нас.