ТРАГЕДИЈА НА АЕРОДРОМОТ ВО БЕЛГРАД: Патник починал додека го чекал багажот

by Тони Зографски

Еден патник почина утрово на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ додека чекал да си го земе багажот.

Како што е објавено на социјалните мрежи, на несреќниот човек наеднаш му се слошило во делот за земање багаж на аеродромот и лекарите се обиделе да му помогнат, но за жал безуспешно.

Според неофицијални информации, семејството на починатиот го чекало на аеродромот.

Како што пренесува „Телеграф“, станува збор за патник од Чикаго.

останати вести