Трагедија во Шпанија: 13-годишно момче почина за време на прославата за победата на светското првенство

by Тони Зографски

Тринаесетгодишно момче почина во Сиудад Родриго, Саламанка, за време на прославата на победата на Шпанија во финалето на Светското првенство. Додека навивачите славеле кај фонтаната на кружниот тек Глориета дел Арбол Гордо, горниот дел од конструкцијата се урнала и паднала врз неколку лица внатре, јавува шпанскиот јавен сервис РТВЕ.

Поради несреќата, градскиот совет прогласи тридневна жалост.

Две лица биле згрижени во Здравствениот центар Сиудад Родриго, а едно од нив било момчето кое починало во болница.

Тимот за психолошка интервенција при катастрофи и итни случаи е активиран за да му помогне на семејството на жртвата.

Половина час по полноќ службата за итни случаи 112 во Кастиља и Леон добила неколку повици за уривањето на фонтаната на кружниот тек Глориета дел Арбол Гордо.

За инцидентот биле информирани локалната полиција во Сиудад Родриго, Цивилната гарда во Саламанка, Противпожарната служба на Покраинскиот совет на Саламанка и Службата за итна медицинска помош Сасил, кои испратиле медицински персонал на местото на настанот.

останати вести