Тајната приказна за мега хитот на Шабан Шаулиќ  (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Шабан Шаулиќ стана пејач по наредба на неговиот чичко Алија, сметајќи дека во тој бизнис се парите. Елвис Присли е крал… а Шабан е цар! Така од прилика мислел народот во Србија.

Шабан е роден 1951 година во Шабац, детството го поминал во Бјелина. На 18 години се сели во Белград, и започнува една блескава музичка кариера.

Обично кога се зборува за Шабан Шаулиќ прво се мисли на неговиот мега хит „Dođi da ostarimo zajedno“ кој го лансираше во 1978 година. Текстот е на Шабан, а музиката е на Раде Вучковиќ.

“Интересна е приказната околу оваа песна. Кога ја снимив „Dođi da ostarimo zajedno“ добив критики од сите мои колеги, кои велеа: ‘Шабан никогаш не промошил ниедна плоча, но ова е дефинитивно промошување’. Образложувањето беше. ‘Ние песната не ја разбираме’. Сметаа  дека со неа отидов во народњачки води, и баш ми замерија. А јас сакав да направам само нешто ново, поинаку, позанимливо. Таа песна ја свиреа педесетина луѓе во студио, тоа беше симфонија. Ја пишував заедно со Раде Вучковиќ и се покажа дека навистина направивме револуција. Експлодираше како атомска бомба и таа плоча беше најпродавана во тогашна Југославија. Повеќе од милион и двеста илјади примероци. Беше врвен хит ,голем чекор напред на музичката сцена – изјави Шабан Шаулиќ во последното  свое интервју дадено за новости.рс.

(фото: М. Лабудовиќ)

останати вести