СТРАВ МУ Е ДА НЕ ОСЛЕПЕ: Принцот Вилијам го губи видот

by Тони Зографски

 36-годишниот принц Вилијам го губи видот, поточно, му се заканува слепило, објави таблоидот „National Enquirer“.

Имено, според пишувањата на ова списание, губењето на видот на принцот е многу загрижувачко и токму затоа тој побарал помош од најдобрите лекари во земјата.

„Принцот Вилијам има уште пет години пред целосно да го изгуби видот“, споделил инсајдер од кралскиот двор, загрижувајќи многумина.

– Тој јавно објави дека видот му се влошува. Но, внатре во ѕидовите на кралската палата, тој е преплашен до смрт дека ќе го изгуби целосно видот – додаде наводниот, добро информиран извор, кој ги откри и причините за наглото влошување на здравјето на принцот.

– Не е тајна дека Вилијам и неговата сопруга Кејт се многу лути и огорчени затоа што Меган (Маркл) и Хари се откажаа од своите кралски должности. Иако Кејт, како и секогаш, се преправа дека е храбра во јавноста, се плашам дека нивниот приватен живот се распаѓа. Борбата на Вилијам против слепилото секако ги уништува и им ги крши нивните срца, заклучува изворот.

останати вести