Стотици луѓе денеска отишле на работа без панталони (ФОТО)

by Тони Зографски
Секоја година во јануари се одржува „No pants day“, односно „Ден без панталони“. Тој ден многу луѓе, во главно во САД и Велика Британија, одат на работа – без панталони. Тоа се случило и денеска, кога стотици луѓе биле снимени без панталони во лондонското метро. Оваа година во иницијативата учествувале 60 градови.

Се почнало пред 12 години како шега на седум мажи, а набрзо станало годишна прослава на лудост. Настанот го креирала групата „Improve Everywhere“ од Њујорк. Точниот датум се менува секоја година, а кој ден екипата без панталони ќе се шета низ подземното метро се дознава во декември.

Идејата која стои зад „Ден без панталони“ е прилично едноставна. Патниците влегуваат во метрото на различни станици без панталони насред зима. Освен тоа, се однесуваат нормално и сите носат зимска облека, јакни, капи, ракавици и шалови, а панталони немаат.

Како што додава британски „Metro“, сите жители на Лондон знаат дека, иако станува збор за „слободен стил“, постојат извесни непишани правила за учество. Меѓу правилата е да нема зјапање во други и да се избегнува контакт со очи. Исто така, проѕирна или провокативна долна облека како танга не е дозволена.

И подготовката на манифестацијата е специфична. Организаторот – „The Stiff Upper Lip Society“ секоја година ја чува рутата на возење во тајност.

останати вести