МУ СЕ ОДАДЕ ПОЧИТ И НА КОБИ БРАЈАНТ: Шакира и Џенифер Лопез го засенија Суперболот (ФОТО ГАЛЕРИЈА и ВИДЕО)

by Тони Зографски

По 50 години, а втор пат во својата историја, екипата на Канзас Сити Чиефс е освојувач на 54. Издание на Супербол откако во Мајами го победија Сан Франциско 49ерс со резултат 31:20.

Најскапиот спортски настан на светот кој го следеа 180.000 милиони гледачи а се одржа на Мајами го одбележаа и латино звездите Џенифер Лопез и Шакира кои настапија на полувремето.  За 15-тината минути, со својот настап и спектаклот што го приредија, тие го засенија Суперболот. Двете латино звезди ги изведоа своите најголеми хитови, а на сцената им се продружи и ќерката на Џенифер, Ема.

Инаку, учесниците и гледачите на Суперболот со минута молчење му одадоа почит на Коби Брајант, ќерка му Џијана и на уште седумината загинати во хеликоптерската несреќа.

 

останати вести