Се  урна зграда во Истанбул, двајца загинати (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Најмалку две лица загинаа, а шест други се повредени при уривање на шесткатна зграда во истанбулската населба Картал, соопштија локалните власти на Истанбул.

Во соопштението се посочува дека под урнатините „останале заробени повеќе лица“, без да се прецизира конкретна бројка.

„Зградата, во која живееле 43 лица во 14 стана, има приземје на ниво на улиците и седум ката,“ вели истанбулскиот гувернер Али Јерликаја, додавајќи дека последните три ката биле изградени нелегално.

Најверојатна причина за уривањето на зградата е експлозија.

Превентивно властите спроведоа евакуација на две соседни згради.

останати вести