Се сруши бетон од зграда во Нови Сад, две момчиња за малку ќе настрадаа (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Невремето што вчера го зафати Нови Сад повторно предизвика штети, а две момчиња за малку ќе настрадаа кога дел од бетон падна од зградата покрај која поминуваа.

На видеото, снимено од камера од автомобил во близина, може да се види како момчињата кои минувале меѓу зградите успеале да го избегнат бетонот кој се урнал во последен момент.

Непосредно пред 15 часот пороен дожд пропратен со град го зафати Нови Сад. Невреме со грмотевици пристигнало од правец на Босна и Херцеговина.

Во невремето што ја зафати Србија на 21 јули, најмногу настрада Нови Сад. Бурниот ветер корнеше дрвја, однесе покриви, а 12 годишно момче почина од струен удар.

останати вести