СЕ НАВИКНУВА НА НОВИОТ ЖИВОТ: Меган Маркл на чај со персоналот на женскиот центар во Ванкувер (ФОТО)

by Тони Зографски

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл го посети женскиот центар во Ванкувер, во нејзиниот прв јавен настап откако таа и нејзиниот сопруг, принцот Хари, објавија дека ќе се повлечат од своите улоги како членови на британското кралско семејство.

Насмеаната војвотка е фотографирана заедно со персоналот во женскиот центар, пренесува Си-ен-ен.

– Погледнете со кого пиевме чај денес. Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, не посети денес за да разговараме за прашањата кои влијаат врз животите на жените во заедницата – беше напишано на Фејсбук страницата на центарот, покрај фотографијата од средбата.

Инаку, Меган веќе неколку дена е во Канада заедно со синот Арчи, додека кралското семејство се обидува да се справи со кризата по објавата дека војвотката и војводата од Сасекс сакаат да ги намалат своите должности во кралството.

останати вести