Рита Ора ги истакна стомачните мускули на гала вечерата со сопругот (ФОТО)

by Тони Зографски

Рита Ора привлекуваше погледи на гала организирана од LuisaViaRoma за УНИЦЕФ на островот Свети Вартоломеј.

32-годишната пејачка, родена во Косово, избра креација која ѝ ги истакна стомачните мускули. Црниот фустан со пердуви доаѓа од ателјето на модниот дизајнер Дејвид Кома. Рита беше придружувана од сопругот Таика Ваитити.

Хуманитарниот настан се одржува втора година по ред, а целта на собраните средства од аукцијата е „поддршка и заштита на децата“.

останати вести