“РАКОТ СЕ ВРАТИ“: Глумицата Шенон Доерти продолжува да се бори (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Холивудската глумица Шенон Доерти (48) се бори против ракот во фаза 4 со поддршка на нејзините најблиски. Ѕвездата од серијата Беверли Хилс отворено зборува за тоа дека неколку нејзини пријатели се со неа, поддржувајќи ја да води помирен и поздрав живот додека се бори со карцином.

– После една година борба против ракот што се врати од стресови, повторно се навраќам на тоа – напиша 48-годишната актерка.

– Се грижам за себе и станувам храбара секој ден. Не е секогаш лесно. Имам денови кога сум депресивна или само мрзлива. Но, јас туркам со помош на пријатели.

Шенон ја спомна нејзината пријателка Ен-Мари Кортрајт, изјавувајќи дека е немилосрдна во нејзината одлука да ја однесе на пешачење и да ги научи нејзините нови начини на готвење, „кои ја хранеа мојата душа, како и мојот стомак, но на многу здрав начин“.

– Се чувствувам подобро. Кожата ми е жива како и јас.

Актерката на својот профил на Инстаграм додаде селфи, а исто така објави фотографии од здравите оброци кои Кортрајт и ’ги препорачала.

Во февруари, Доерти откри дека нејзиниот карцином на дојка се вратил откако отиде во ремисија во 2017 година.

останати вести