Прво огласување на Ана Ивановиќ по веста дека се разведува од легендарниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер.
Прво огласување на Ана Ивановиќ по веста дека се разведува од легендарниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер
Според германските медиуми, славната српака тенисерка Ана Ивановиќ и легендарниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер наводно се разведуваат по девет години брак, но веста се уште не е официјално потврдена.
И додека целиот свет шпекулира дали се работи за маркетиншки трик или оваа вест е навистина точна, ниту Бастијан ниту Ана официјално ги потврдуваат наводите.
Без разлика на медиумиските шпекулации за разводот, некогашната прва тенисерка на светот, Ана Ивановиќ одлучи да се појави во јавноста,но не на оваа тема.
Таа сподели фотографии со следбениците на Инстаграм и покажа дека ужива,иако светските медиуми редовно известуваат и пишуваат за проблемите во нејзиното семејство.
-Зајдисонца, денови на плажа и тениски сесии“, напиша Ана во описот на своите фотографии на Инстаграм.
Инаку Ана и Бастијан се во врска од 2014 година, и има три деца.