Аница Лазиќ го сликаше Лазар Ристовски кој беше гол, а потоа актерот гордо ја објави фотографијата на својот инстаграм-профил.
Откако е во врска со Аница Лазиќ, која е 39 години помлада, српскиот актер Лазар Ристовски (72) не престанува да го привлекува вниманието на јавноста, а сега објавата на неговата девојка крена прашина.
Аница го фотографирала Лазар кој бил гол, а потоа актерот гордо ја објави фотографијата на својот инстаграм-профил.
Аница веднаш коментираше покрај неговата објава и кратко напиша: „Маркантно мое“.

Аница неодамна проговори за нејзината врска со Ристовски и реакцијата на јавноста на нивната романса по неговиот развод од актерката Даница Ристовски.
– Морам да признаам дека првите два-три дена беа предизвик за мене да го поднесам тој притисок. Сега дури и не гледам, да бидам искрена, бидејќи некако поголемиот дел од пишувањето е за разликата во годините, а Лазар и јас дури и не ја чувствуваме. Има еден момент кога се чувствува разликата во годините, а тоа е кога јадеме палачинки, јас јадам со крем, а тој јаде џем и ореви. Потоа ја чувствуваме, и тоа е тоа. Очигледно, ова е нешто што е вистина, и ми е жал што жените денес, кога ќе наполнат четириесет години, веќе се нарекуваат баби, и како да е срамота стареењето и да имаат одредена возраст денес – рекла таа.
