ПОЧИНАЛА ПРЕД ТРИ ГОДИНИ: Игор Џамбазов откри која му била најголема љубов (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Песната „Шал“ која наскоро треба да се промовира, Игор Џамбазов ѝ ја посветил на својата најголема љубов.

Ова никогаш не сум го кажал, но сега можам да го раскажам. Таа се викаше Тања Кочишка и беше мојата најголема љубов, му откри Игор на Жаре на снимањето на новогодишната „Еден на еден“ што ќе ја гледаме во недела, на Канал 5 од 18.30.

За жал, Тања пред три години починала, а Џамбазов уште ја памети ноќта кога му го подарила шалот.

Се испраќавме кај Драмски. Таа ми го даде женскиот шал, а јас го носев најмашки на свет, вели Игор сеќавајќи се на таа студена зимска ноќ.

Целата љубовна приказна на Игор и на Тања е раскажана во „Шал“ за која Никола Перевски-Пере направи аранжман.

останати вести