Италија и целиот фудбалски свет тагува по веста за смртта на легендата Франко Барези. Легендарната 6-ка, почина на 66 години. Барези лани беше опериран од јазол на белите дробови.
Тој одигра 719 натпревари за Милан, освојувајќи шест титули во Серија А и три КЕШ/Лиги на шампиони, додека за репрезентацијата одигра 81 натпревар, освојувајќи го Светското првенство во 1982 година.
Инвазивната операција беше успешна, толку многу што Капетанот се врати да гледа натпревар на Милан на стадионот „Сан Сиро“ во декември, поздравен од цел стадион. Неговиот последен јавен настап беше за време на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, каде што, како носител на факелот заедно со неговиот пријател Џузепе Бергоми, изгледаше многу уморен.
