Почина невропсихијатарот проф. д-р Предраг Кировски од ковид-19

by Тони Зографски

Денес на Инфективната Клиника во Скопје на последиците од ковид-19 им подлегна проф. д-р Предраг Кировски, невропсихијатар и редовен професор на Медицинскиот Факултет во Скопје.

Кировски беше и форензичар во склоп на факултетот, а беше и предавач на Академијата за јавни обвинители и судии.

Проф. д-р. Кировски беше долгогодишен директор на Болницата за нервни и душевни заболувања во Бардовци.

Автор е на бројни трудови од областа на психијатријата и форензичката психијатрија.

останати вести