ПОЛИТИЧАР СЕ НАЈДЕ НА ПОРНО САЈТ: “Кога ќе завршите работа“ гласајте за мене (ФОТО)

by Тони Зографски

Данскиот политичар Јоаким Олсен одлучил својата предизборна кампања да ја промовира и на порно сајтот Pornhub.
– Да тоа сум јас на Pornhub – напишал Олсен на Фејсбук.

Рекламата на која е тој во одело се појавува на порно сајтот со слоганот преку кој тој на посетителите им порачува “кога ќе завршат работа“ да гласаат за Јок. (Јок му е прекар).

Политичарот, иначе некогашен олимписки вицешампион во фрлање кугла, е член на Ливералната алијанса на десниот центар 2011.

– Нема граници колку далеку би одел за нацијата. Во тоа ја вклучувам и рекламата на Pornhub – вели Јоаким и додава дека мора да бидете таму каде што се гласачите.

-95 отсто од мојата кампања е сериозна, но мора да има простор и за малку забава – вели тој.

 

останати вести