Познатата глумица одлучи повеќе да не пие  (ФОТО)

by Тони Зографски

Познатата холивудска глумица Ен Хатевеј во емисијата “Елен“, рече дека нема да пие алкохол со додека нејзиниот син Џонатан кој има три години не стане полнолетен.

– Не сакам да се откажувам од одредени работи поради тоа што сум мајка. Тоа го правам само кога има причина. Не престанав да пијам заради тоа што алкохолот ми е проблем, туку ми смета мамурлукот. Мојот последен мамурлук траеше пет дена,  – рече Ен која е познато дека е љубител на алкохол и додаде:

– Не мислам дека пиењето алкохол е лошо. Тој е добар да се опуштиш и забавиш, но во моментов мене не ми е потребен таков начин на забава бидејќи имам дете.

останати вести