“ПА ТИ ИМАШ И ПЛОЧКИ“: Познатиот готвач на 53 години ги покажа стомачните мускули (ФОТО)

by Тони Зографски

Еден од најпознатите телевизиски готвачи Гордон Ремзи (53) очигледно добро се грижи за своето тело. Тој на својот Инстаграм профил постави семејна фотографија со синовите Џек (19) и едногодишниот Оскар. “Тројката“ позираше на една од плажите на Малдивите.

-Нов шорц за Божиќ – напиша Гордон на фотката која за крато рок собра повеќе од пола милион “лајкови“.

Вниманието на неговиот фанови особено го привлече телото на 53-годишниот готвач. Шкотот може да се пофали со стомачни мускули за кои доби пофалби од неговите следбеници.

“Никогаш не би рекол да изгледаш така добро, Како момче. Па ти имаш и плочки“, му порача една негова обожавателка.

Инаку, Гордон Ремзи е татко на пет деца.

останати вести