Новак Ѓоковиќ во белградски клуб го зеде микрофонот и го испеа големиот хит на Џеј Рамадановски

by Тони Зографски

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ го искористи престојот во Белград за опуштање со пријателите, па додека бил во еден познат клуб во српската престолнина, ги изненадил гостите со спонтаниот музички настап. Ѓоковиќ танцувал и пеел, а во еден момент дури се качил и на сцената.

Пејачката Маријана Злопаша, која настапувала таа вечер, го забележала Ѓоковиќ во публиката и го поканила да ѝ се придружи на сцената. Тенисерот без двоумење ја прифатил поканата, го зел микрофонот и ја испеал познатата песна од Џеј Рамадановски „Ниједне усне се не љубе саме“. Неговиот настап ја воодушевил публиката, која имала можност да го види спортистот во ретко издание, додека се опуштал со музиката, далеку од теренот и натпреварувачкиот притисок.

Видеото може да се погледне на овој линк:

https://www.instagram.com/marijanazlopasa/reel/Df_Qk2Ts0g5

останати вести