„МОРА ДА Е АЛБАНЕЦОТ, СЕКОГАШ ДОАЃА ОД ЗАД ГРБ“: Белгискиот премиер ја коментираше прегратката од Рама (ФОТО)

by Тони Зографски

„Тоа мора да е Албанецот. Тој секогаш доаѓа од зад грб“.

Вака искоментира белгискиот премиер Барт де Вефер, откако неговиот албански колега Еди Рама ненадејно го прегрна додека разговараше со новинарите во Берлин.

Необичната сцена се случила во четвртокот, на маргините на состанокот на „Коалицијата на волните“, посветен на поддршката за Украина.

Неговата реакција предизвикала смеа меѓу присутните.

Средбата во Берлин била посветена на натамошната воена и политичка поддршка за Украина, безбедносните гаранции и дипломатските напори за завршување на војната.

останати вести