НЕМОЖЕ ДА ИЗЛЕЗЕ НА КРАЈ СО БЛИЗНАЦИТЕ: На Џорџ Клуни не му е до кумство на кралското дете

by Тони Зографски

Холивудскиот актер Џорџ Клуни не сака да биде кум на Арчи Харисон Маунтбатен Виндзор – првородениот син на Принцот Хари и Војвотката на Сасекс – Меган, објави „Контактмјузик“.

Запрашан како гостин во шоуто на Џими Кимел дали би станал кум на кралското дете, 58-годишниот Џорџ Клуни одговара:

„Идејата не е добра. Не треба да бидам кум. Јас сум татко на близнаци и едвај се справувам со тоа“.

На прашањето дали ќе ја одбие улогата на кум, ако му биде понудена, Клуни возвраќа:

„Нема да бидам кум. Ви ветувам. Сосема сум сигурен“/

Инаку, Клуни е близок до кралската двојка, па дури и беше гостин на нивната венчавка во мај минатата година со неговата сопруга Амал. Сепак, холивудската ѕвезда не се смета за клучна фигура во животот на Арчи.

останати вести