Нема грип за оние кои се заразиле со корона

by Тони Зографски

Грип нема оваа година затоа што короната лачи интерферон, кој спречува навлегување на други вируси во телото, објаснуваат докторите.

-Грипот е, практично, вирус кој е сосема различен од овој, но неговата влезна врата кон инфекцијата е иста како и за короната – респираторна инфекција. Затоа, сите заштитни мерки што постојат за COVID-19, исто така важат за грип. Иако се тоа два сосема различни вируси: инфицирани со коронавирус лачат еден интерферон, еден вид неспецифична заштита од вирусни инфекции.

Со други зборови, кога некој е заразен со корона, тој лачи интерферон, кој спречува каква било друга вирусна инфекција.

Поради тоа грип не може да добие човекот кој се зараил со коронаТоа трае со месеци: нивото на интерферон е такво што спречува инфекција со друга вирусна болест. Сите РНК вируси, како што е короната, имаат таков механизам.

Постои програма за следење на грипот, но грипот скоро е непостоечки, иако се прават анализи.

Не е ништо невообичаено: ниту грипот се претвора во корона, ниту короната во грип.

 

останати вести