НАПАДНАТ ВИКТОР ОРБАН ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: „За колку ја продадовте државата, премиере?“ (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Членот на Унгарската демократска коалиција Мартон Џекички вчера го нападна унгарскиот премиер Виктор Обран за време на прес-конференција во Европскиот парламент.

Орбан не е повреден во инцидентот, а обезбедувањето брзо го совлада Џекички и го фрли на подот, по што беше изнесен од собата.

https://twitter.com/i/status/1843653014734942618

„За колку ја продадовте државата, премиере?“, го праша Џекички Орбан додека неговите телохранители го водеа надвор од салата.

Орбан по инцидентот коментираше дека „унгарскиот е директен јазик и дека комуникацијата може да биде груба“, пренесува унгарски Телекс.

„Кога еден политичар ќе му каже на друг дека е негативец, во нашата култура тоа значи „не се согласувам со тебе“, рече Орбан.

Како што потсетува Телекс, Џекички фрлал монети кон Орбан за време на инцидентот во Кеч на почетокот на септември во знак на протест.

останати вести