На Табановце колони возила со Македонци кои ќе се вакцинираат во Белград и Ниш

by Тони Зографски

Од утринава колони возила ја напуштаат Македонија. Камерите на граничниот премин на Табановце покажуваат километарски колони од автомобили и автобуси со граѓани кои одлучија да се вакцинираат против коронавирусот кај нашиот северен сосед.

Иницијативата за масовно вакцинирање во Белград, но и на други вакцинални пунктови ја покренаа стопанските комори од регионот, па така од вчера, но и во текот на викендот се очекува илјадници граѓани да се вакцинираат.

Инаку, како што информира АМСМ на граничниот премин Табановце, поради зголемен интензитет, чекањето за излез од државата е околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 

останати вести