“МИ СЕ ВРАТИ РАКОТ ВО ПОСЛЕДНИОТ ЧЕТВРТИ СТАДИУМ“: Холивудската глумица ја откри страшната вистина (ФОТО)

by Тони Зографски

Холвудската глумица Шенон Доерти (48) откри дека и се вратил ракот на дојката дијагностициран уште во 2015 година.

-Беше прашање на денот кога оваа информација ќе излезеше во јавноста, но ќе ви откријам, ракот на дојката ми се врати и е во четвртиот последен стадиум. Поради тоа сум тука, -изјавила Шенон пред странските медиуми и додала:

-Многу му е тешко. Има денови кога се прашувам: “Зошто баш јас?“, а има денови кога едноставно ја прифаќам болеста бидејќи кој друг би ја заслужил. Најтешко ми беше како повторно лошата вест да им ја соопштам на мајка ми и на сопругот – признала глумицата, која најголемата популарност ја доживеа во улогата на популарната Бренда од хит серијата од 90-тите “Беверли Хилс“.

 

останати вести