Мајка и син пронајдени мртви во стан во Велес

by Тони Зографски

Полицијата утрово пронајде две мртви тела во стан на улица 4-ти Јули во Велес, во близина на детската градинка кај Жаба зграда.

Од полицијата потврдија дека добиле повик од соседи, кои се пожалиле на ужасна миризба која доаѓала од станот на починатите.

Според соседите, најверојатно се работи за мајка и син кои повеќе од еден месец не биле видени од соседите.

Јавен обвинител е на терен и врши увид, по што ќе се знае причината и времето на смртта на двајцата велешани.

извор: batali.net

останати вести