Маја Вукичевиќ во Австралија богато се омажи

by Тони Зографски

Поп-пејачката Маја Вукичевиќ пред два месеци замина во Австралија. Како што објави 1тв, таму Маја се омажила за богат Македонец, кој е сопственик на плантажи во Сиднеј и во Мелбурн, но имал и други големи бизниси.

Маја пред да замине преку океанот, го избриша својот ФБ профил, но не е активна ниту на Инстаграм. Наводно на пријателите  пред да замине, им рекла дека сака да го избрише минатото и во Авсралија да започне нов живот како мажена жена.

Инаку, Вукичевиќ пред неколку години комплетно се повлече од музичката сцена. Во меѓувреме се посвети на нејзината прва љубов – новинарството и неколку месеци беше дел од тимот на едно домашно списание. Порано медиумите  ја врзуваа со многу јавни фаци, политичари и бизнисмени. Маја  се омажи со  скопјанецот Горан Грамашковски и го роди синот Гораст кој денес има 23 години.

останати вести