Македонска актерка ќе глуми со Скарлет Јохансон (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Македонската глумица Симона Живковска ќе глуми заедно со холивудската ѕвезда  Скарлет Јохансон во филмот „Црната вдовица“ . Јохансон ја има главната улога во филмот чиј трејлер веќе се појави.

Симона видеото го сподели на „Твитер“ и откри дека е возбудена што филмот ќе почне наскоро да се прикажува во кината.

„Не можам да опишам колку сум возбудена и благодарна за ова што се случува. Нови снимки од ‘Црната вдовица’. Можете ли да ме видите?“ напиша Симона.

Младата 25-годишна Симона е родена во Скопје на 24-ти јуни 1994-та година, но во 2001-та година се преселила во Велика Британија каде што ја започнала својата актерска кариера.

Инаку, премиерата на филмот на продукцијата „Марвел“ – „Црната вдовица“ е закажана за 1-ви мај 2020.

останати вести