Леонардо Дикаприо објави слика од македонскиот фотограф Роберт Атанасовски (ФОТО)

by Тони Зографски

Холивудскиот глумец Леонардо Дикаприо сподели на Инстаграм извештај за влијанието на климатските промени на човековото здравје, илустриран со фотографија од Скопје – објави порталот СДК.

Фотографијата со мајка и дете како се разладуваат среде фонтаната на скопскиот плоштад е дело на македонскиот фотограф Роберт Атанасовски за АФП/Гети.

Според извештајот што го сподели Дикаприо, температурите во пораст предизвикуваат екстремни временски настани кои можат да влијаат за пораст на срцеви болести и смртни случаи, како и зголемена закана од нови заразни болести.

https://www.instagram.com/p/B8OzqH2luPO/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

останати вести