Лекар лечел Македонец болен од тумур на мозок со сокчиња

by Тони Зографски

Триесет и едногодишниот Славчо Петров, кој боледувал од тумор на мозокот, починал на 7 јануари годинава. Сестрата на Славчо, Билјана Јовановиќ (32) за неговата смрт го обвинува српскиот надрилекар Мирољуб Петровиќ, кој им рекол во никој случај да не одат на лекар и дека само од неговата терапија ќе му биде подобро.

Јовановиќ пред камерите изјави дека безгранично му верувала на Петровиќ, како и дека веднаш по дијагнозата на нејзиниот брат му пишала мејл. Тој им препорачал 30 дена цедени сокови и неговата тинктура.

Како што дознава „Блиц“, овој самопрогласен доктор, е познат по шарлатанството. Тој убедувал многу луѓе наместо на доктор, да доаѓаат во неговиот центар, каде им ги наплаќал „лекувањата од рак”.

останати вести