КУПЕТЕ ДВА НЕГАТИВНИ ТЕСТОВИ, ТРЕТИОТ Е ЏАБЕ“: Вакцини и ковид пасоши се продаваат на црниот пазар

by Тони Зографски

Вакцини против коронавирусот, Ковид пасоши и лажни негативни тестови се продаваат преку илегалната Dark Web мрежа.

Цената за една доза од вакцините АстраЗенека, Спутник V, Синофарм и Џонсон и Џонсон се движи меѓу 500 и 750 долари, додека пак лажната потврда за вакцинација се продава по цена од 150 долари.

Истражувачи од компанијата Check Point, кои што следеле хакерски формули и други продажни места од месец јануари кога се појавија вакцините, велат дека е забележан зголемен број на огласи во врска со вакцините за коронавирусот.

Тие тврдат дека бројот на огласи тројно се зголемил и дека сега ги има над 1.200.

Еден од продавачите ветува достава за само еден ден, а поединци за купување на два негативни тестови на коронавирусот, третиот го даваат гратис.

Продавачите на вакцините се наоѓаат во САД, Шпанија, Германија, Франција и Русија, а истражувачите откриле дека огласите воглавно се напишани на англиски и руски јазик

Инаку, Dark web е дел од интернетот кој што е достапен само по пат на одредени алатки за пребарување.

 

останати вести