КОРОНАТА СЕ ЗАСИЛИ: 148 новозаразени на 1.224 тестирања, тројца починати

by Тони Зографски

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-50, Куманово-4, Дебар-2, Штип-2, Прилеп-9, Тетово-11, Велес-2, Битола-6, Кавадарци-6, Гостивар-3, Гевгелија-1, Струмица-6, Крива Паланка-3, Радовиш-1, Кочани-18, Берово-11, Валандово-1, Свети Николе-6, Кичево-5 и Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 65 оздравени пациенти од: Скопје-15, Куманово-5, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Битола-4, Охрид-5, Кавадарци-1, Гостивар-6, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-6.

Во болнички услови се починати 3 пациенти од Прилеп (62г), Кочани (87г) и Гостивар (64г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17629, бројката на оздравени пациенти е 14581, на починати е 725, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2323. Од вчера се регистрираат два контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6881, активни 684

• Куманово 1745, активни 182

• Дебар 284, активни 42

• Штип 1251, активни 53

• Прилеп 667, активни 128

• Тетово 1424, активни 174

• Струга 664, активни 58

• Велес 319, активни 34

• Битола 296, активни 59

• Охрид 421, активни 44

• Кавадарци 236, активни 49

• Гостивар 928, активни 103

• Гевгелија 125, активни 53 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 233, активни 150

• Крива Паланка 107, активни 29

• Радовиш 76, активни 18

• Крушево 20, активни 3

• Кочани 340, активни 149

• Пробиштип 110, активни 21

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 92, активни 13

• Пехчево 43, активни 3

• Берово 102, активни 38

• Валандово 31, активни 22

• Виница 108, активни 29

• Делчево 159, активни 85 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 0

• Свети Николе 341, активни 37

• Кичево 324, активни 39

• Ресен 164, активни 16

• Неготино 53, активни 6 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

останати вести