КАКО ВО ИТАЛИЈА И ШПАНИЈА: Цело Делчево им аплаудираше на здравствените работници (ВИДЕО)

by Тони Зографски

По примерот на Италија и Шпанија,  и во Делчево се појави иницијатива сите да излезат на балконите и со аплауз да ги поздрават здравствените работници кои се жртвуваат за здравјето на луѓето.

И токму тоа се случи. Речиси цело Делчево излезе на своите тераси и со силен аплауз ги поздравија луѓето кои се во првата борбена линија со коронавирусот.

останати вести