Изрешетаното „Ауди“ оставено на улица во Железара (ФОТО)

by Тони Зографски

Албанските медиуми објавуваат фотографии од возилото кое синоќа беше цел на вооружен напад.

Нападот, се случил околу 20 минути по полноќ, на улицата „Ферид Бајрам“ во скопска Железара.

-Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека И.А.(29) и С.Р.(35), двајцата од Скопје, биле повредени од огнено оружје и било оштетено патничко возило „Ауди“, сопственост на Е.С.(33) од Скопје , велат од МВР.

Во текот на денот се очекуваат детали од полицијата.

останати вести