Израел објави кои вакцинирани пациенти заболуваат од ковид

by Тони Зографски

Израелските лекари објавија кои пациенти сериозно заболуваат од КОВИД-19 дури и по две дози на вакцина.

Сите посериозни случаи се кај луѓе постари од 70 години кои имаат тешки и хронични заболувања, вклучително и рак, и ја примиле втората доза пред повеќе од 5 месеци.

Досега, Израел вакцинираше 5 милиони и 400 илјади свои граѓани со две дози, а инфекциите меѓу имунизираните од почетокот на јуни се само 600.

Тие станаа центар на глобалната дебата за ефективноста на вакцините и употребата од трета, засилувачка доза.

останати вести

Comments are closed.