Заболената од коронавирус “хорор Анџелина Џоли“ мине низ пекол во затворот (ФОТО)

by Тони Зографски

Фатима Кишванд (22) позната како Сахар Табар, а уште попозната како “хорор Анѓелина Џоли“ заразена е со коронавирус и нејзините адвокати баараат да биде ослободена.

Фатима од октомври е во затвор поради обвинение за “културно злосторство и социјална и морална корупција“, пренесува иранската новинска агенција.

“ Изгледа дека стана навика властите да негираат се“ вели еден од адвокатите кој напоменува дека нема смисла директорот на затворот да лаже дека Фатима нема коронавирус и дека тој не е проширен во затворот.

“ Повеќе жени од тој затвор ме информираа мене и моите колеги за ужасните услови во затворот и дека коронавирусот веќе се проширил“, вели адвокатот.

“ Мислам дека не е прифатливо млада жена заболена од коронавирус да биде во вакви услови и притворот да и биде продолжен“ во средата изјави адвокатот за човечки права, Пајам Дерафшан.

Инаку,  “хорор Анѓелина Џоли“  често објавуваше слики со морбидно нашминкано лице, со акцент на огромните усни, и смалениот шпицест нос, а на фотките се гледа дека е на ивица на анорексија.

 

останати вести