“ЗА БОЖИЌ МИ ПОДАРИ КОНЗЕРВА СО ЛОСОС“: Поранешен батлер на Чарлс откри необични детали за кралот (ФОТО)

by Тони Зографски

Поранешниот батлер на принцот Чарлс, Грант Харолд, во интервју зборувал за вниманието кое го добивал од тогашниот шеф.

Работел за Чарлс и Камила седум години и вели дека добивал честитка секој Божиќ.

„На Божиќ секогаш добивавме честитки од него. Пред да се ожени со Камила, се сеќавам дека добивме божиќни честитки од него, Хари и Вилијам. Тие секогаш беа посебни”, изјавил тој за британски Мирор.

Покрај честитките, често добивал и смешни подароци од Чарлс.

„Исто така, тој ни испраќаше мали забавни работи по пошта. Една година ми остави лименка лосос, а друга година ми остави сет за сол и бибер завиткан со лента. Веројатно добива многу подароци и понекогаш ни дава некои од нив“, рекол тој.

И Гранд Харолд му оставал подароци и честитки на шефот.

„Секогаш му пишував картичка и му оставав подарок. Се сеќавам дека немаше смисла да му дадам нешто скапо. Тешко е да се избере кога мажот има сè. Но знаев дека му се допаѓа медот, па му подарував тегла мед или бонбони од мед, нешто во кое знаев дека ќе ужива“, рекол тој.

kralj Čarls, Kamila Parker Bouls

останати вести