Елизабет Харли во најпровокативниот костим досега (ФОТО)

by Тони Зографски

Познатата британска актерка Елизабет Харли во новата година влезе со гламурозен стил.

На социјалните мрежи, 57-годишната актерка сподели фотографии во кои е облечена во доста интересен новогодишен костим.

Станува збор за едноделен костим украсен со циркони, додека на главата носи интересна круна. Во објавата, актерката вели дека 2022 година ѝ остави горчлив вкус и многу убави, но и тажни спомени. Посака сите нејзини соништа да се остварат во наредната година.

Со текот на времето откри неколку трикови на кои им ја должи младоликоста и витката линија, иако тврди дека сè што прави е сосема нормално и вообичаено.

Секое утро го започнува со две шолји топла вода, по што за појадок јаде грчки јогурт со банана и мед. После тоа оди на вежбање, па јаде супа или чорба. Дури навечер јаде нешто поголем оброк – пилешко на скара и многу, многу зеленчук.

останати вести