Драма во Грција: Потона брод на српски државјанин (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Екипажот на бродот кој пловел кон Кикладите спасил српски државјанин откако бродот на кој се наоѓал потонал во морската област меѓу Тинос и Миконос.
Спасувањето го извршил бродот Супер експрес, кој пловел од Миконос и Тинос, на пат кон пристаништето Рафина, пренесува Катимерини.

Човекот, кој бил единствениот патник на приватниот брод, екипажот го собрал среде немирното море.

Спасениот, кој наводно има околу 40 години и по потекло е од Србија, е во добра здравствена состојба и се транспортира до пристаништето во Рафина.

Снимката објавена на социјалните мрежи ја покажува „борбата“ на Србинот со брановите, на чамецот за спасување.

останати вести