Голем пожар на плажа во Улцињ, изгореа лежалки, настрешници, чадори за сонце (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Голем пожар избувна вчера на плажата Кабо во Улцињ, Црна Гора. Пожарникарите тешко го гаснеа пожарот поради силниот ветер кој брзо ги шири пламените јазици, пренесоа локалните медиуми.

Според информациите од црногорските медиуми, пожарот ја зафатил плажата Кабо, каде што изгорела половина од опремата на плажата. Ресторанот кај базенот не е оштетен, но чадорите за сонце, лежалките и настрешниците се уништени.

Сопственикот на базенот Кабо, Арти Режа,  изјави дека пожарот започнал најмалку километар и половина од нивниот објект, но дека поради силниот ветер, пожарот брзо се проширил на паркингот, а потоа зафатил дел од плажниот масив.

Тој додаде дека не верува дека пожарот е намерно подметнат, но верува дека причината е човечкиот фактор.

На пожарникарите од Улцињ им помагаат и екипи од Бар и Будва. Пожарникарите од Будва се ангажирани во заштитата на плажата Хавана, а екипи од Бар ја обезбедуваат Коралната плажа.

останати вести