ДВОНЕДЕЛЕН КОРОНА ИЗВЕШТАЈ: Од 101 починат невакцинирани биле 92 отсто

by Тони Зографски

Само 15 отсто од целосно вакцинираните во изминатите две недели биле позитивни на ковид-19. Од нив 8 отсто од заболените кои биле вакцинирани починале, а процентот на хоспитлаизирани е  9 отсто. Кај невакцинираните бројките се алармантни, покажува анализата на Министерството за здравство

Во период од 06.08 до 19.08.2021 на територија на државата 9.881 граѓанин, се позитивни од тестирани на ковид-19. Од  нив само 15 отсто биле целосно вакцинирани, односно 1.507 лица.Податоците покажуваат дека бројките кај невакцинираните се многу поинакви. Од 9.881 позитивни на ковид- 19, во овие две недели  8.374 граѓани или 85 отсто биле невакцинирани.

Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 91 отсто, додека само 9 отсто од сите 724 моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.

Во период од две седмици на територија на државата починало 101 лице со ковид- 19, невакцинирани биле  92 отсто, од починатите, а само девет лица односно 8 отсто примиле вакцина.

Според анализите починатите имале повеќе хронични заболувања.

До вчера во земјава вкупно се аплицирани над еден милион дози вакцини, а целосно вакцинирани со две дози се  491.169 граѓани. Самопрва доза вакцина примиле 11. 925 граѓани.

Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“, кои некои од пациентите ги примиле во странство.

останати вести