ДАЈАНА ГО НЕМАШЕ ЛУКСУЗОТ НА МЕГАН МЕРКЛ: “Едвај oдев кога излегов од болница“  (ФОТО)

by Тони Зографски

Меган Маркл и принцот Хари ја информираа јавноста дела нивното дете ќе се роди во тајност, а веста ќе ја објават откако ќе прослават во кругот на семејството.

Ова ги разочара обожавателите, кои очекуваа како и сопругата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон уште првиот ден ќе ја покаже фотографијата од бебето.

И мајката на принцовите, покојната принцеза Дајана раскажувала за маките кои ги поминала на денот на породувањето.

Авторот на книвата “ Викајте ме Дајана“, Најџел Которн напиша како принцезата му раскажувала за пеколот кој го поминала кога излегла пред фотографите и го покажала Вилијам.

– Едвај одев кога излегов од болница. Ме убиваше раната и едвај успеав да стапнам нога пред нога- рекла Дајана и додала дека и било многу напорно да стои и да се смешка тие неколку минути.

– Почнав да плачам откако автомобилот се одалечи од фотографите, – раскажала принцезата.

останати вести