Д-Р СОФИЈАНОВА: Британскиот сој не ги исклучи и децата, кои во се поголем број се примаат на клиника

by Тони Зографски

Директорот на Детската клиника, Проф. д-р Аспазија Софијанова вели дека старосната граница на заболените од британскиот сој се симнува.

-Британскиот сој не ги исклучи и децата. Има побрз метод на ширење и граничната возраст ја симна. Клиничката слика кај децата од асимптоматски преминаа во симптоматски и гледаме класична слика на Сарс ков 2, – рече д-р Софијанова во гостувањето на ТВ24.

Докторката информира дека се поголем број е на позитивни деца кои се примаат на клиниката.

-Она што го гледавме кај возрасните, сега го гледаме и кај децата,- вели Софијанова.

останати вести