Д-Р ПАНОВСКИ ПРАШУВА: Како прележан може да донира плазма, а не може да влезе во кафуле?

by Тони Зографски

Владата на почетокот од неделава усвои нови мерки со кои на неимунизираните, односно на оние кои немаат сертификат за примена барем една доза, од 16-ти август нема да им се дозволи влегување во ниту еден објект каде има повеќе од 30 лица.

-Мерките на власта се нелогични и задоцнети. Како некој дарувал плазма со антитела,  ама не смее да влезе во кафуле, вели во интервју за тв 24 професорот Никола  Пановски.

Порачува дека одговорноста за состојбата со болеста е кај оние кои дозволија прослави на затворено и отворени граници е огромна.

 

 

останати вести