780
Докторот од Клиниката за токсикологија Нико Беќаровски преку својот Фејсбук профил ја искоментира денешната најава дека попишувачите ќе бидат во приоритетните групи за имунизирање откако во недела во Скопје ќе пристигне првата пратка на вакцини преку Ковакс системот.
“ДА НЕ СЕ ЛАЖЕМЕ и пред две недели да ги вакциниравте сите попишувачи, на 1 Април пак ќе немаат создадено имунитет !!!!
Затоа вакцинирајте ги до 1 Април, ревакцинирајте ги пред Велигден, а пописот нека започне НАЈРАНО на 14 мај, ден по Рамазан Бајрам !!!“, напиша д-р Беќаровски.
